Валиева заблеска: Заврши убедливо најдобра па заплака (видео)

358

Приказната околу допингот, можност за суспензија од Олимписките игри, стресот и притисокот не влијаеа на младата Камила Валиева која денеска заблеска на мразот. Претходно освои злато во тимска конкуренција, но медалот беше одложен откако се разгледуваше нејзиниот случај затоа што била позитивна на допинг тест во декември. Во меѓувреме Арбитражниот суд во Лозана и дозволи на Камила да продолжи да се натпреварува иако од МОК бараа суспензија.

15-годишната Русинка денеска заблеска на мразот во кратката програма во поединечна конкуренција и со 82,16 бодови беше убедливо прва.

Таа танцуваше со композицијата „In Memoriam“, на младиот руски автор Кирил Рихтер, а кога го заврши настапот почна да плаче.

За два дена е слободната програма и само чудо би можело да ја спречи Камила да не заврши на првото место.

 

 

ИОК нема да и додели медал на Камила Валиева – доколку освои!

Сите се изненадени од Валиева: По грешка ги земав апчињата на мојот дедо!

 

ПретходноДесет бизарни секунди на меч – во ист напад тројца играчи ја промашија топката
СледноПрвпат во 98 години: Три исти знамиња на доделувањето на медалите