Меси промаши пенал, Мбапе донесе победа за ПСЖ; Сити броеше до пет (ВИДЕО)

319

Килијан Мбапе е човекот кој сам успеа да му донесе победа на ПСЖ во првиот меч од осминафиналето на ЛШ. Практично во последниот напад во мечот во 94. минута, успеа да мине двајца дефанзивци на мадриѓани и да пласира под нозете на Куртоа за гол и победа на фрацускиот шампион.

ПСЖ и Реал (М) одиграа без голови во првото осминафинале од Лигата на шампионите. Во меч во кој видовме неколку добри шанси, пред се за домашните, на крајот мрежите мируваа. Причина повеќе за тоа е и фактот што Меси промаши пенал, кој можеше да им донесе победа на парижани.

Реал главно се бранеше и успеа да се одбрани во првите 45 минути. ПСЖ продолжи со силниот интензитет и во вториот дел, а резултат на тоа беше стартот на Карвахал врз Мбапе и пеналот кој го добија домашните во 61. минута. Сепак, Лео Меси не успеа да го совлада одличниот Куртоа, кој тргна на вистинската страна и му го одбрани шутот. За одбележување е враќањето во игра на Нејмар, кој влезе од клупата во 72. минута. Неколку минути подоцна извонредна шанса имае Мбапе кој од косо биеше крај голот на Куртоа. Најубавата шанса Нејмар ја имаше на 4 минути пред крајот, кога од десната страна успеа да го префрли Куртоа, но не и да го погоди неговиот гол.

Одлуката падна во последните секунди од мечот кога Мбапе успеа да го матира Куртоа и да му донесе предност на францускиот првак пред реваншот во Мадрид.

ПСЖ – РЕАЛ (М) 1:0

Англискиот шампион Манчестер Сити во едно полувреме го збриша Спортинг. Начинот на кој гостите го одиграа натпреварот, практично ги прави супер-фаворити за највисок пласман во ЛШ оваа сезона.

На теренот во Лисабон, „граѓаните“ по 9 минути веќе водеа со 1:0 со голот на Ријад Марез. Една бомба на Бернардо Силва во 17. минута веќе им донесе удвојување на предноста, а Фил Фоден до 32. минута веќе обезбеди и предност од 3:0. За да биде катастрофата поголема, Бернардо Силва погоди и вторпат во 43. минута за конечни на полувреме – 0:4.

Вториот дел почна исто така со гол на Силва, но беше поништен поради офсајд. Сити не отстапи од својата игра, па во 58. минута Стерлинг со еден прекрасен погодок обезбеди „петарда“ во мрежата на домашните – 0:5.

СПОРТИНГ (Л) – МАНЧЕСТЕР С. 0:5

ПретходноСан Антонио ќе му даде шанса на Драгиќ да оди во Далас кај Дончиќ
СледноРоналдо, конечно, погоди за славје на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)