Екипата на Нант ја продолжи трката за првите две места на табелата ви групата Б во Европската лига. Францускиот тим за кого настапува најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров на домашен терен го совлада Кокс со убедливи 36-25. Ова е втора победа на Нант оваа сезона против овој тим.
Лазаров постигна два гола од четири обиди. Прв стрелец беше Овничек со седума гола и само едно промашување, зад него беше Ривера со пет погодоци.
Нант по седмото коло има скор од четири победи, две ремија и еден пораз.