Поради можни инциденти: Бугарија – Македонија ќе се игра во Разград место во Софија!?

1044

Како што денеска јавуваат медиумите кај нашиот источен сосед, се разгледува можноста мечот од Лигата на Нации меѓу Бугарија и Македонија, закажан за во јуни, да се игра во Разград место во Софија. Имено организаторот стравува од можни провокации и инциденти, па затоа место во главниот град би се играло во Разград каде што капацитетот е само 7.000 гледачи. Познато е дека Бугарите обично играат на “Васил Левски“ во Софија кој собира 40.000 гледачи и јасно е дека таа бројка е голема за успешно справување со можни провокации.

Сепак ова е само идеја, одлуката допрва ќе биде донесена.

ПретходноЕП -У16: Кадетите против Шпанија, Русија и Грција во Скопје!
СледноСкандалозно: Пикфорд вмешан во тепачка во паб!