Сите се изненадени од Валиева: По грешка ги земав апчињата на мојот дедо!

289

Камила Валиева е случај за кој се зборува на големо на Зимските олимписки игри во Пекинг. 15-годишното чудо од дете и најголемата сензација, падна на допинг тестот, кој беше направен на 25. декември. Сепак судот за спортска арбитража во Лозана и дозволи да се натпреварува, но ИОК ги одложи сите доделувања на медали доколку Русинката ги освои. Вака ќе биде се додека не биде целосно решен случајот.

Валиева сведоеше пред ЦАС, таа ги изненади сите со својот аргумент зошто била позитивна на допинг тестот пред крајот на измината година.

„Аргументот беше дека до ова дошло откако ги измешала апчињата, таа случајно ги зела на нејзиниот дедо“, изјавија од Дисциплинската комисија при МОК.

ПретходноДејан Манасков си оди од Веспрем!
СледноРеал Мадрид подготви понуда за Мбапе – едноставно не може да се одбие!