Никола Јокиќ пружи уште една феноменална партија која на Денвер и донесе рутинска победа против Орландо од 121-111. По овој дуел Нагетси ја продолжија трката за место во плеј-офот, со скор од 32 победи и 25 порази се наоѓаат на шестото место на табелата во Западната конференција.
Една од најдобрите екипи во Западот ја оправда фаворитската улога против една од најлошите во Истокот, Јокиќ одлично го отвори мечот, беше близу до трипл-дабл, му овозможи на Денвер брзо да се „одлепи“ резултатски, по што доби одмор.
На паркетот мина 35 минути за кои постигна 26 поени, 15 скока и седум асистенции, заедно со една украдена и пет изгубени топки. Покрај Јокиќ добра партија пружија Бартон и Грин со по 17 поени.
Со оваа партија српскиот репрезентативец потврди зошто е најдобар играч за јануари во Западната конференција, тој наградата ја доби пред почетокот на натпреварот.
Let’s show our MVP some love as he was presented with the Western Conference Player of the Month trophy, AND his All-Star ring🙌
You can tell he was pumped🤣 pic.twitter.com/GuhCWkhvQh
— Denver Nuggets (@nuggets) February 15, 2022
РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Детроит 103-94, Бруклин – Сакраменто 109-85, Њујорк – Оклахома 123-127 (продл), Чикаго – Сан Антонио 120-109, Милвоки – Портланд 107-122, Њу Орлеанс – Торонто 120-90, Денвер – Орландо 121-111, Јута – Хјустон 135-101, ЛА Клиперс – Голден Стејт 119-104.