Џордан возел со 240 км на час, а полицијата му се извинила што го стопирала!

990

Мајкл Џордан е вистинско божество, речиси секаде во светот, а посебно во Чикаго каде на овој град Мајкл му донесе шест шампионски титули во НБА во деведесетите години од минатиот век.

Чарлс Оукли, некогашен негов соиграч открива една тајна поврзана со Мајкл.

Бев со него во автомобилот, Мајкл возеше брзо, пребрзо, веројатно со 240 км на час. Се разбира дека не сопре полиција, но кога видоа дека пред себе го имаат големиот Џордан, полицајците му се извинија и само му напоменаа ако може да вози малку поспоро. Ете каква ѕвезда е тој, какво влијание има на останиот свет“ рече Оукли.

ПретходноЖенските младински репрезентации ги добија своите ривали!
СледноПМФЛ-20.коло: Шампионот в сабота во Велес, сите останати мечеви се играат в недела!