Агуеро низ солзи: Не можам да играм фудбал ниту рекреативно!

434

За разлика од Кристијан Ериксен кој ја продолжи својата кариера, Серхио Агуеро вели дека тој не може да заигра фудбал ниту рекреативно. Дека има навистина големи проблеми со срцето и дека чувствува како да не му работи правилно виталниот орган.

Не можам да играм фудбал ниту рекреативно. Се гушам кога ќе потрчам неколку метри, се гушам дури и кога ќе помислам да заиграм фудбал. Понекогаш чувствувам како да не ми работи правилно срцето“ искрено низ солзи истакна Аргентинецот.

Инаку иконата на Манчестер Сити во јуни дојде во Барселона, требаше да биде големо засилување во нападот на каталонците, но во октомври на мечот со Алавес дојдоа проблемите со срцето.

Јасно беше дека за Агуеро кариерата беше завршена во тој момент.

ПретходноЕ.Пелистер по реванш кај Ним за превземање на врвот!
СледноИ едно куче посака да ужива на “добриот“ терен во Штип! (ФОТО)