Вардар 1961 за време на паузата не направи промени во составот. Единствен новитет во редовите на македонскиот првак е Давид Дејвис, кој дојде на местото на Веселин Вујовиќ.
Од шпанскиот стратег се очекува да го извади Вардар 1961 од кризата која влезе и да ги исполни амбициите на клубот – пласман во следната рунда. Засега „црвено-црните“ се наоѓаат под цртата, поточно на седмото место, но ракометарите веруваат дека под водство на Шпанецот би можеле да направат чекор напред.
Играат против Монпеље (утре, 18:45 часот) на гостински терен. Францускиот тим во Скопје славеше убедливо, а за својот квалитет говори и лидерското место на кое се наоѓа во групата А, има девет бода повеќе од Вардар 1961.
„Прв натпревар по пуазата во Лигата на шампиони. Монпеље е лидер на табелата, што пак доволно говори за каков противник станува збор и со каков квалитет располага. Ние во никој случај не одиме да се предадеме. На првата средба не победија на домашен терен, но сега имаме нов тренер и нов систем. Ќе биде тешко, ги гледавме последните натпревари, ги анализиравме, играат добро, но имаме шанси, треба да се надеваме на поволен резултат“, изјави Гоце Георгиевски.