Давид Дејвис е новиот Шпанец, кој во Вардар 1961 треба да донесе убави денови во Лигата на шампионите. Иако не успеа со ѕвездениот тим на Веспрем да го освои пехарот, сепак раководството на клубот одлучи да си подаде рака и да му даде шанса да го донесе македонскиот првак на едно повисоко ниво во европското клупско натпреварување.
Под водство на Дејвис, Вардар 1961 треба да игра поубав ракомет, а првиот тест за него е веќе утре, против Монпеље на гости.
„Монпеље е најтежок ривал, игра одлично оваа сезона во Лигата на шампиони и во францускиот шампионат. Ќе биде тешко, мора да ја играме нашата игра, да веруваме во нас. Одиме како и секогаш на победа. Наша цел е да влеземе меѓу шестте најдобри екипи, прво да го оствариме тоа, ша ќе видиме“, изјави Дејвис, кој на оваа средба нема да смета на Анте Гаџа и Борко Ристовски.
Доста интересно што Шпанецот не го заборавил македонскиот јазик, па изјавата пред оваа средба ја даде на нашиот мајчин јазик. Секоја чест за тоа, останува уште да го разбуди Вардар.