Е.Пелистер по реванш кај Ним за превземање на врвот!

139

Е.Пелистер денеска (18:45 часот) му гостува на Ним во рамките на седмото коло во Европската лига. Битолскиот состав во првиот дел од сезоната запиша три победи, две ремија и еден пораз, кои го однесоа на второто место на табелата во својата група, веднаш зад францускиот тим, кој има бод повеќе.

Жељко Бабиќ на оваа средба нема да може да смета на сите ракометари, поради повреда, болест и Ковид-19 во Битола останаа четворица играчи: Мараш, Обрадовиќ, Периќ и Радовиќ.

И покрај ова атмосферата е одлична, самодовербата расте од натпревар од натпревар, сите веруваат дека можат да му се реваншираат на Ним и да го превземат врвот.

„Тие се физички јака екипа, играат многу „еден на еден“ и многу трчаат. Ние можеби го одигравме најлошиот натпревар против нив во првиот дел на Европската лига. Имаа изразито расположен голман, кој ни даде и три гола, и собра десет одбрани во првиот дел. Со една таква моќна екипа ние немавме шанси. Мислам дека ќе биде овојпат поинаку. Ние сме ментално многу цврсти, спремни и имаме наши шанси. Сепак, мора да бидеме спремни да играме 60. минути, да бидеме тактички дисциплинирани, фокусирани на задачите, да бидеме цврсти во дуелите и да не заборавиме кои се нивните карактеристики. Сакаме и верувам дека можеме да извлечеме позитивен резултат. Ним е многу цврста екипа, игра „еден на еден“ и во одбрана и во напад. Имаат одлична транзиција, контра од страна на десното крило и одличен голман, кој форсира контранапади. Лесно нè победија во Битола, но потоа се мачеа во групата. Но, тоа се случува кога противниците престанаа да играат кога тие поведоа со 4-5 разлика. Моите играчи знаат дека многу важно е да продолжат да играат ако се случи резултатски пад. Резултатски пад е дозволен, но ментален и тактички пад не смее да ни се случи. Оние кои тоа го задржаа, тој ритам на играње, тие на крајот го стигнаа Ним и играа тесни натпревари до крајот“, изјави Бабиќ пред оваа средба.

ПретходноДејвис не го заборави македонскиот јазик: Вардар секогаш оди на победа, мора да веруваме во нас!
СледноАгуеро низ солзи: Не можам да играм фудбал ниту рекреативно!