Поранешниот фудбалер на Барселона и актуелен халф на јапонскиот Висел Кобе Андрес Иниеста призна дека сака да се врати во каталонскиот клуб. 37-годишниот Иниеста помина многу години во Барселона, а во 2018 година премина во Висел Кобе.
„Би сакал да се вратам во Барселона. Би сакал да му помогнам на клубот. Таму се случуваат многу промени и тешко е да се каже што ќе се случи во иднина. Барселона е мојот дом, никаде на друго место нема да се чувствувам среќно“, кажа Иниеста.
Иниеста со Барса стана деветкратен шпански шампион, шест пати го освои Купот, седум пати Суперкупот, четири пати ЛШ, три пати Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.