По голема борба во која ПСЖ го диктираше темпото, првото полувреме од супер-осминафиналето меѓу ПСЖ и Реал (М) заврши без голови. Домашните не искористија неколку шанси за гол, додека Реал (М) главно беше во дефанзива и не успеа да креира ниту една вистинска шанса за да го изненади Донарума. Останува да се види дали второто полувреме ќе донесе некаква промена.
Манчестер Сити во едно полувреме го збриша Спортинг. На теренот во Лисабон, „граѓаните“ по 9 минути веќе водеа со 1:0 со голот на Ријад Марез. Една бомба на Бернардо СИлва во 17. минута веќе им донесе удвојување на предноста, а Фил Фоден до 32. минута веќе обезбеди и предност од 3:0. За да биде катастрофата поголема, Бернардо Силва погоди и вторпат во 43. минута за конечни на полувреме – 0:4.
#UCL
Sporting 0-2 Man City | GOAL! Silva.Follow @IFAST29 To See Goals pic.twitter.com/SBjPsvyOVV
— UCLlive1 (@ULlive1) February 15, 2022
#UCL
Sporting 0-3 Man City | GOAL! Foden.Follow @IFAST29 To See Goals pic.twitter.com/sx5NJEA2L0
— UCLlive1 (@ULlive1) February 15, 2022
#UCL
Sporting 0-4 Man City | GOAL! Silva.Follow @IFAST29 To See Goals pic.twitter.com/cn1Q6TQWRz
— UCLlive1 (@ULlive1) February 15, 2022