Финале пред финале е дерби дуелот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, кој е закажан за вечерва (21 часот) во Париз.
Тренерот на францускиот тим, Маурицио Покетино потенцира дека оваа двојка треба да игра за трофејот во Лигата на шампиони.
„Оваа двојка би можела да биде во финалето на Лигата на шампиони. ПСЖ го сака овој трофеј повеќе од 50 години, па затоа сме предизвикувачи. Реал Мадрид веќе има навика да го освојува овој трофеј.
И двата тима имаат притисок. Го почитуваме Реал Мадрид како еден од најголемите клубови во светот. Овој тим е приказна сам за себе во Лигата на шампиони, без разлика кој е тренер и какви играчи има. Големината на Реал Мадрид е добро позната“, изјави Маурицио Покетино.
Покрај оваа средба вечерва во истиот термин силите ќе ги одмерат Спортинг и Манчестер Сити, во среда пак се закажани дуелите меѓу Салцбург – Баерн Минхен и Интер – Ливерпул.
Реваншот во Мадрид меѓу Реал и ПСЖ ќе се одигра на 9. март.