Германците Франческо Фридрих и Торстен Маргис го одбранија златниот медал на Олимписките игри во боб двосет, а германската репрезентација на патеката во Јанчинг оствари историски успех затоа што прв пат во историјата на овој спорт, а тоа е 98 години откако боб е во олимписката програма, се случи освојувачите на сите три медали да се од иста држава.
Новите и стари олимписки победници во четири возења имаа вкупно време од 3:45.89 минути. За Фридрих ова е трето олимписко злато по Пјонгчанг (каде беше најдобар во двосет и четворосед).
Среброто замина кај Јоханес Лохнер и Флоријан Бауер кои беа послаби за 49 стотинки, а на нив ова им е прв олимписки медал.
Бронзени беа Кристоф Хафер и Матијас Зомер, а и за нив ова е прв олимписки медал.
о