Работнички одново поразен, овој пат од Гостивар

172

Работнички запиша нов пораз во Првата лига, овој пат на домашен терен беше совладан од Гостивар со 57-91 во заостанат меч од 15 коло. Овој дуел беше решен во втората четвртина.

Мамузиќ со 17 поени, Вакруки со 12 и Марковски со 11 поени беа единствени двоцифрени, на другата страна кај гостите, Вокру имаше 17 поени, еден помалку запиша Ефремовски.

Тренерот на најтрофејниот кошаркарски колектив ниту на оваа средба немаше на располагање ниту еден од најавените засилувања. „Црвено-белите“ имаа сила за една четвртина. По 19-19, искуството на Гостивар и широката клупа си го сторија своето, на одморот гостите поведоа со 31-44.

Работнички немаше сили да стори нешто повеќе во продолжение, негативата растеше, на крајот стигна до деветиот пораз оваа сезона, петти во низа. На другата страна Гостивар со 11. триумф се искачи третата позиција на табелата во Првата лига.

ПретходноСалернитана втор пат сезонава го смени тренерот
СледноИниеста изјави дека сака да се врати во Барселона