Реал Мадрид подготви понуда за Мбапе – едноставно не може да се одбие!

314

Килијан Мабпе е голема желба на Реал Мадрид и претседателот, Флорентино Перез.

Францускиот фудбалер неодамна изјави дека сака да го облече дресот на „кралевите“, но ПСЖ со сите сили се обидува да го задржи, па токму затоа не очекува возбудливо лето. Често пати во јавноста се појавуваат бројни цифри кои Мбапе би ги побарал во иднина, а „ABC Deportes“ тврди дека Реал подготвил понуда која навистина не се одбива.

Перез е подготвен да му понуди шестгодишен договор со плата од 25 милиони евра по сезона, па 23 годишниот фудбалер на сметката без дополнителни бонуси треба да има 150 милиони евра од договорот.

Според многумна европски медиуми Мбапе веќе има постигнато договор, но поради почит кон Реал, не сака да ја објави својата одлука и официјално.

ПретходноСите се изненадени од Валиева: По грешка ги земав апчињата на мојот дедо!
СледноПСЖ – РЕАЛ: Дуел на титаните, мега – пресметка на НАЈБОГАТИОТ против НАЈСЛАВНИОТ!