РФМ со барање до АМС по приговорите на клубовите за ваучерите – повика на заедничка средба

290

По приговорите на 18 клубови по основ на распределба на веучери од страна на Агенција за млади и спорт, Ракометната федерација на Македонија испрати известување до АМС и повика на заедничка средба со екипите за да се надмине состојбата.

„Ракометна Федерација на Македонија пристигнаа приговори по основ на  распределбата на средствата од страна на Агенцијата за млади и спорт за мерката користење на финансиски средства  по основ на даночно ослободување/ваучер. 

Приговорите се темелат дека финансиските средства се намалени во однос на минатите години или не се земени во  предвид одредени бодувања согласно критериум пополнет образец, со што се доведува во прашање  функционалноста на одредени спортски колективи“, се вели во известувањето на РФМ до Агенцијата за млади и спорт.

Приговори се стигнати од следните ракометни клубови/колективи : 

– ГРК Борец 

– РК Астибо 

– РК Шампион  

– ЖРК Гевегелија 

– РК Партизан Спорт 2016 

– РК Феникс АМС 

– РК Јуниор Кисела Вода 2020 

– РК Кузман Вардар Илинден 

– РК Аеродром 

– РК Текстилец 

– РК Вардар Неготино 

– РК Младост 1977 

– МРК Куманово 

– ЖРК Овче Поле СУ 

– РК Кичево 2020 

– РК Спартак 

– РК Јехона 

– РК Работнички

 

 

ПретходноАнчелоти потврди за Бејл она што сите го знаат
СледноДејан Манасков си оди од Веспрем!