Салернитана втор пат сезонава го смени тренерот

140

Нова тренерска смена во најсилната италијанска лига и тоа осма од почетокот на сезоната. Салернитана по вторпат го смени тренерот, па на местото на Стефано Колантуоно седнува Давиде Никола кој во јуни минатата година си замина од Торино.

Ова е осма тренерска смена во Серија А, а Салернитана одлучи да смени нешто во обид да се фати за сламката на спасот со оглед дека се последни на табелата. Да кажеме дека Салернитана го контактирале и екс-тренерот на Јувентус Андреа Пирло но тој ги одбил.

Салернитана има само 12 поени од 23 меча, 9 поени од сигурната зона.

Инаку клубот од Салерно почна со Фабрицио Кастори кој беше отпуштен на 17 октомври, на негово место дојде Колантуоно кој не ја подобри ситуацијата.

 

ПретходноПелистер се врати од минус 17 и остана перфектен и по 15. коло
СледноРаботнички одново поразен, овој пат од Гостивар