Сан Антонио се договори со Словенецот Горан Драгиќ да му го откупи договорот. Така, Драгиќ ќе стане слободен играч и ќе може да се пресели во друг клуб.
Претходно беше објавено дека интерес за играчот има од неколку НБА тимови меѓу кои и Далас, за кој настапува неговиот сонародник Лука Дончиќ.
Драгиќ беше трејдуван со Спарс пред истекот на рокот, откако првиот дел од сезоната го мина во Торонто каде одигра едвај 90 минути.