Ѓоковиќ: Нема да се вакцинирам по цена да останам без трофеи

269

Новак Ѓоковиќ даде ексклузивно интервју за „BBC“ во кое зборуваше за ситуацијата во која се најде поради вакцините, како и за сагата кога беше депортиран од Австралија, испрати порака дека нема намера да го менува својот став, дури ако тоа значи да остане без трофеи.

Новинарот прво го праша дали е подготвен да остане невакциниран, па тоа и да значи дека не смее да настапува на Гренд слем турнирите. Ноле не размислуваше многу беше краток и јасен: Да, тоа е цената која сум подготвен да ја платам.

Ѓоковиќ минатиот месец беше депортиран од Австралија после повеќе од десет дена минати во карантин, тој на крајот беше класиран како „опасен за јавното здравје на нацијата“.

„Никогаш не сум бил против вакцинирањето, се вакцинирав како мал, но секогаш ја поддржував слободата да одлучиме сами што ќе ставаме во нашето тело“.

Интервјуто беше исполнето со многу теми, меѓу нив беше и шпекулацијата дека Ѓоковиќ намерно го темпирал својот позитивен тест, за да може на време да излезе и да настапи на Австралија опен.

Тој на ова прашање одговори дека се надева на олеснување на мерките за останатите турнири и дека ќе игра уште многу долго. Ноле дополнително објасни зошто е подготвен да остане без трофеите поради вакцините.

„За мене принципите што ќе внесете во вашето тело се многу поважни од било која титулата или нешто друго што носи резултат. Се обидувам да бидам складен со моето тело кога тоа е можно“, рече Ноле.

ПретходноНе може без скандал: Италијанците ја променија табелата среде сезона во Серија А
СледноЈокиќ доби награда, па го растури Орландо (ВИДЕО)