Вардар 1961 без Гаџа и Ристовски против Монпеље

276

И Вардар 1961 по паузата се враќа на обврските во Лигата на шампиони. По одличниот старт, македонскиот првак влезе во криза, има седум порази во низа, а излезот од оваа ситуација ќе го бара против Монпеље на гостински терен, меч кој се игра утре (18:45 часот).

И на оваа средба, тренерот Давид Дејвис нема да може да смета на целиот состав. Во Скопје останаа Анте Гаџа и Борко Ристовски.

На првиот дуел оваа сезона, Вардар 1961 во Скопје беше убедливо совлада со 25-31. Пред стартот на 11. коло, македонскиот прва се наоѓа на седмото место на табелата кое не носи место во следната рунда, има две победи, реми и седум порази.

 

ПретходноПСЖ – РЕАЛ: Дуел на титаните, мега – пресметка на НАЈБОГАТИОТ против НАЈСЛАВНИОТ!
СледноГеоргиевски: Имаме нов тренер и нов систем, не сме без шанси против Монпеље!