Големо засилување: Усни Исмаили пред трансфер во Воска

1037

Младиот и талентиран фудбалер на Пелистер е пред трансфер во второлигашот Воска Спорт. Се е договорено, се чека комплетирање на документите и трансферот да биде официјализиран.

Инаку десниот бек пред неколку денови откри дека неговиот клуб му го блокирал трансферот во Швајцарија, поточно во Тун. Тој изјави дека се договорил со Швајцарците, нопоради управата на Пелистер и нејзиниот лош однос истиот пропаднал. На истиот потоа одговорија и „пелистерци“. Во меѓувреме неговиот договор со Пелистер истекол, па тој оди во Воска како слободен играч.

Пелистер со реакција по повод изјавата на Исмаили: Проблемот е во тренинг-компензацијата!

ПретходноБајиќ го објави поширокиот список на кошаркари за ФИБА „прозорецот“ во февруари 2022 година!
СледноДесет бизарни секунди на меч – во ист напад тројца играчи ја промашија топката