Три македонски младински репрезентации, претстојното лето ќе учествуваат на Европски првенства од Б-дивизија . Денеска во Фрејзинг, беше одржана ждрепката и за оној женски сегмент од евро-натпреварувања, а три наши селекции ги дознаа своите ривали.
Најискусните, М20 ќе играат на првенството во Скопје, каде нашата федерација ќе биде во улога на организатор, а за ривали ги добија Хрватска, Романија, Косово и Црна Гора.
Кадетките играат од 18 до 27 август во Сараево, а јуниорките од 5 до 15 август во Оберварт.
ЕП ДИВИЗИЈА Б – ПОД 16 ЖЕНИ
(САРАЕВО – 18.8-27.8-2022)
ГРУПА А
Србија
Холандија
Ирска
БиХ
МАКЕДОНИЈА
ЕП ДИВИЗИЈА Б – ПОД 18 ЖЕНИ
(ОБЕРВАРТ – 5.8-14.8-2022)
ГРУПА А
БиХ
Луксембург
Португалија
Велика Британија
МАКЕДОНИЈА
ЕП ДИВИЗИЈА Б – ПОД 20 ЖЕНИ
(СКОПЈЕ – 9.7-17.7-2022)
ГРУПА Ц
Хрватска
Романија
Косово
Црна Гора
МАКЕДОНИЈА