Италијанските власти побараа екстрадиција на поранешниот бразилски фудбалер Робињо. Минатиот месец Врховниот суд во Италија ја потврди пресудата на Робињо од девет години затвор за учество во групно силување на девојка во 2013 година.
Решението на судот е конечно и обвинителството во Милано исправи барање за екстрација до Министерството за правда во Рим од каде ќе треба да го препратат до соодветното министерство во Бразил, пренесува агенцијата АНСА.
Но 38-годишниот фудбалер најверојатно нема да биде екстрадиран затоа што властите нема да дозволат тоа да се случи повикувајќи се тоа дека Робињо може да биде уапсен единствено ако патува надвор од Бразил.
Во 2020 година Робињо потпиша со Сантос, но веднаш беше ослободен од таму поради пресудата во која е прогласен за виновен во групното силување на Албанка во Италија. Потоа ја прекина кариерата.