Корин Зутер го освои првиот олимписки медал во спуст

96

Швајцарката Корин Зутер го освои златниот медал (прв олимписки) во спуст трката на Зимските олимписки игри во Пекинг. Швајцарката ги обедини светската и олимписката титула во оваа дисциплина.

Зутер до првото место стигна со време 1:31.87 минути. Зад неа заврши Софија Гоџа со време 1:32.03 минути, која беше бранителка на тронот од пред четири години. Наѓа Делаго од Италија ја освои бронзата и дојде до наголемиот успех во својата кариера.

ПретходноЈокиќ доби награда, па го растури Орландо (ВИДЕО)
СледноПокетино: ПСЖ го сонува трофејот 50 години, Реал е навикнат да го освојува!