Скандалозно: Пикфорд вмешан во тепачка во паб!

204

Уште еден скандалозен испад на познат фудбалер во Премиер – лигата, и тоа репрезентативен голман на Англија. Имено чуварот на мрежата на Евертон, Џордан Пикфорд се степал во паб и тоа поради бизарна причина. Поради своите мали раце него често го нарекуваат тирекс, тоа се случило и во пабот каде англиската ѕвезда била со своите пријатели. На тие навреди реагирал Пикфорд и дошло до тепачка. Еден од оние кои биле на спротивната страна заработил и скршеница на носот. Интересно е тоа што пред да дојде полицијата Пикфорд и неговите пријатели си заминале од пабот, а и Евертон, неговиот клуб, нема уште официјална реакција.

ПретходноПоради можни инциденти: Бугарија – Македонија ќе се игра во Разград место во Софија!?
СледноПријателска: Надежите одиграа 1:1 со Малта!(ФОТО)