Лидерот Шкупи денеска го претстави новото засилување на екипата, 20-годишниот сенегалски интернационалец Мамаду Данфа. Како што беше претходно соопштено Данфа доаѓа од редовите на украински Колос, а со чаирскиот клуб потпиша двегодишен договор.
Тој има играно за младинската репрезентација на Сенегал и има еден настап за сениорите.