Е.Пелистер и покрај доброто издание на гостувањето кај Ним во дербито на седмото коло во Европската лига беше поразен со 25-23. Со новите бодови францускиот тим не им дозволи на битолчани да го загрозат врвот. Ова е втор пораз за македонскиот состав оваа сезона, истиот по вторпат е од Ним.
На оваа средба Жељко Бабиќ не сметаше на шестмина стандарни ракометари, покрај најавените Мараш, Периќ, Обрадовиќ и Радовиќ, во составот ги немаше ништи Павлетиќ и Ојлески. Па ротациите беа целосно скратени.
Ним мислеше дека лесно ќе се справи со едниствениот македонски претставник во ова натпреварување, но беше изненаден. За разлика од првата средба во Битола, вечерва Е.Пелистер одигра далеку подобро во прво полувреме, не му дозволи на францускиот состав комотно да се чувствува на домашен терен.
Битолчани одиграа цврсто во одбраната, на двапати имаа водство од три гола (4-7 и 5-8). Токму по последните плус три во рок од 15 секунди Кукуловски и Маџовски добија две минути исклучување. На другата страна следеше казна, Ним поведе со 9-8 во 17. минута. Секељи беше добар на голот, фати неколку клучни топки, а Е.Пелистер на момент го врати водството, но неколку грешки беа причина за да Ним на одморот замине со минимални 12-11.
HALF-TIME: Finally in Group D…#EurofarmPelister are holding their own vs @USAMNIMESGARD, trailing 13:12 (enjoy some Stipe Mandalinic wizardry below!)
And we’re all tied up in Hungary! It’s @tatabanyakc 12:12 @aek_official #ehfel pic.twitter.com/F7McYuuM8c
— EHF European League (@ehfel_official) February 15, 2022
Почетокот беше добар, Граџан со два гола во низа, го врати водството на својот тим, во 37. минута Костески и Маџовски зголемија на плус два 14-16. По овој резултат следеше пад во играта на битолскиот тим и неколку грешки, домаќинот казни со серија од 4-0 за 18-16 во 43. минута. Ним истото водство го имаше и во 49. минута (20-18).
Оваа негатива не беше преголема, но битолчани како да ја загубија самодовербата на момент. Во 27. минута со играч помалку, Граџан успеа да постигне гол за 23-22, но Гигу не дозволи ритамот да биде нарушен. На крајот францускиот тим успеа го сочува водството и да дојде до победа.
Граџан со седум гола беше прв стрелец, зад него беше Табоада со пет погодоци, еден помалку имаше Мандалиниќ.