Борусија Дортмунд утре во рамките на нокаут фазата во Лига Европа ќе се сретне со Глазгов Ренџерс, но на помош ќе го нема најдобриот фудбалер Ерлинг Халанд. Норвежанецот се уште е повреден и ќе мора да го прескокне овој дуел.
Причината е повреда на мускул на ногата која се уште не е заздравена, па тренерот Марко Росе изјави дека не сака да ризикува со него. Исто така екипата ќе биде и без германскиот интернационалец Емре Џан.
Оваа сезона на Халанд никако да ги одбегне повредите. Поради најразлични повреди пропушти 12 натпревари во сите конкуренции. Мечот со Ренџерс ќе му биде трет по ред.
Натпреварот се игра на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд со почеток од 18:45.