Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, вели дека Тотенхем практично и нема шанси да се бори за место кое ќе го однесе во Лигата на шампионите.
По последните неуспеси, италијанскиот стратег е резервиран во прогнозите.
„Во минатото секогаш велев дека веројатноста за освојување на шампионатот е еден процент. Секако, ова е чудна ситуација, бидејќи ми се чини дека сега шансите за четврто место ни се еден процент. Ситуацијата е поинаква бидејќи нивото на Премиер лигата е многу високо и знаете дека секој тим сака да се подобрува. Не само Тотенхем, туку Арсенал, Лестер, Вест Хем, Астон Вила и Њукасл стануваат се подобри, па и тимови како Брајтон и Вулверхемптон. Сите тие сакаат да напредуваат и во моментов треба да се бориме со нив, а не со врвните клубови“, рече Конте.