На Порто и Митревски им „кидна“ победата во Веспрем, Мешков поразен од Алборг

125

Порто и Никола Митревски беа на прагот на победа на гостувањето кај Веспрем. Во последните 40 секунди до крајот Петар Ненадиќ успеа да погоди за конечни 28-28. За португалскиот тим ова беше второ реми, со кое останува на седмото место на табелата во групата Б.

Екипата на Порто во вториот дел имаше и предност од 17-14, до пред самиот крај одржуваше позитива од еден до два гола. Веспрем успеа да изедначи, а кога се чинеше дека гостите се на добар пат да дојдат до победата, Ненадиќ испрати проектил за реми.

Валдес и Салина имааа по четири гола кај Порто, Ненадиќ и Мае запишаа по шест погодоци. Митревски немаше ниту една интервенција, Франдсен беше на голем дел од мечот на голот.

Во групата на Вардар, Алборг славеше против Мешков Брест со 33-30. Овој резултат му оди во прилог на македонскиот првак, кој сега е на шестото место на табелатана бод повеќе од ППД Загреб и три од белорускиот состав.

Претходно„Баделки“ поразени и во последниот домашен меч во ВАБА лигата
СледноДејвис по победата: Честитки до момците завршија фантастична работа!