Откако пред четири кола ја остварија првата победа сезонава во Ла Лига, фудбалерите на Леванте вечерва направија вистинска сензација совлафувајќи го на гостински терен Атлетико (М) со 1:0 и со тоа нанесувајќи им го седмиот сезонски пораз на „јорганзиите“. Овој голем „кикс“ за момците на Диего Симеоне, значи сериозно губење на битката со водечката четврка на табелата и голем проблем за мадридскиот клуб во продолжението од сезоната во која ќе бара место во Лигата на шампионите.
Единствениот гол за одлука вечерва беше дело на Мелеро во 54. минута. Нашиот репрезентативец Барди почна во стартмите 11 за гостите, но ја напушти играта во 62. минута од средбата.
Standings provided by SofaScore LiveScore