Бенјамин Демир и официјално во Вардар

587

Екипата на Вардар непосредно пред стартот на пролетната сезона во ВМФЛ Запад го промовираше новото и воедно и последно засилување за време на зимската пауза. Се работи за Бенјамин Демир, екс Македонскиот младински репрезентативец кој изминатиот период промени доста клубови, но ете сега се враќа во клубот каде што ја мина и младинската кариера.

Вардар зимава долго време бараше крилен напаѓач, и конечно се одлучи за Демир. Тој пак имаше повреда од која што се враќа во моментов и е што се вели гладен за мечеви и за минутажа.

Пролетниот дел од сезоната Вардар го стартува со гостувањето кај Охрид, в сабота со почеток од 14:00 часот.

 

ПретходноКуп на Македонија: Тренерите поскаа да биде празник на кошарката, најавија спектакл
СледноПоследен меч на домашен терен за Бадел 1862 во ВАБА-лига