Вардар 1961 е седум меча без победа во Лигата на шампиони. Последен пат кога македонскиот тим успеал да дојде до триумф во ова натпреварување беше на 29. септември минатата година против Алборг на домашен терен. Од овој дуел македонскиот првак влезе во серија од седум порази, а прв кој ја најави кризата беше токму Монпеље, денешниот противник во рамките на 11. коло во Лигата на шампиони.
„Црвено-црните“ до крајот на регуларниот дел од сезоната имаа уште четири меча (заедно со овој денеска), имаат тешка задача да се искачат едно место погоре за да го фатат последниот воз за следната рунда.
Раководството на клубот направи една промена во изматиот период. Одлучи пријателски да се рездели со Веселин Вујовиќ и да внесе шпанската магија на клупата. Давид Дејвис го прифати предизвикот да го превземе „кормилото“ и да ги исполни амбициите.
Дејвис има искуство во Лигата на шампионите, го водеше Веспрем, но за жал не успеа да му ја донесе посакуваната титула, иако во составот имаше врвни ракометни имиња. И покрај ова првите луѓе на Вардар заедно со ракометарите веруваат во неговиот систем, а како тој ќе функционира ќе видиме денеска на дело и тоа против лидерот во групата А, тимот на Монпеље.
Вардар знае како се победува на теренот на францускиот тим, последен пат тоа го стори во септември 2019, година во која ја освои и втората титулата во Лигата на шампиони.
Хендикеп за Дејвис ќе биде отсуството на Анте Гаџа, кој заедно со искусниот голман, Борко Ристовски останаа во Скопје.
СОСТАВ НА ВАРДАР ЗА ДУЕЛОТ СО МОНПЕЉЕ