Дејвис по победата: Честитки до момците завршија фантастична работа!

248

Давид Дејвис ја запиша и првата победа во Лигата на шампиони како тренер на Вардар 1961. Македонскиот првак под водство на шпанскиот стратег во Монпеље се покажа во едно поинакво светло, иако и на оваа средба не беше комплетен.

На теренот „црвено-црните“ делуваа поинаку, предводени од Мартин Томовски, постојано го имаа водството. Монпеље на оваа средба само еднаш поведе.

„Четитски до играчите за играта против Монпеље, завршија фантастична работа. Навистина сум среќен, запишавме важна победа. Нашата одбрана беше добра, исто и нападот, навистина сум задоволен од она шо го прикажавме против еден ваков ривал“, изјави Дејвис.

Вардар се врати на шестото место на табелата во групата А, пред ППД Загреб и Мешков Брест, дали ќе остане таму ќе биде познато по комплетирање на колото.

ПретходноНа Порто и Митревски им „кидна“ победата во Веспрем, Мешков поразен од Алборг
СледноБарди и Леванте направија сензација на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)