Де Геа: Јунајтед мора да се бори за повеќе од само ТОП 4 место

121

Екипата на Манчестер Јунајтед вчеравечер со 2:0 на домашен терен го совлада Брајтон во рамките од заостанатиот меч во Премиер лигата. Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш, но посебна заслуга за овој триумф има голманот Давид Де Геа.

Тој имаше неколку фантастични интервенции во текот на мечот, кои беа клучни за конечниот триумф.

„Одлично е кога победувате, особено што бевме во серија од неколку нерешени. Многу сме среќни. Мораме да се бориме за нешто повеќе од топ 4, но тоа е реалноста. Има многу тимови кои се борат за првите места, но со нашиот квалитет мораме да освоиме повеќе бодови“, рече Де Геа кој во моментов брани во животна форма. 

 

ПретходноМане: Јас и Салах не зборуваме за она што се случи во Африка
СледноФинска има бронза во хокеј на ЗОИ