ЕХФ го промени поредокот ЛШ: ПСЖ, Барса и Кил – далеку зад противникот на Вардар 1961!

421

Пред продолжението на вториот дел од сезоната во Лигата на шампиони, ЕХФ го бјави новиот ранкинг, прв во 2022 година. Веќе не е вест дека Вардар 1961 не е меѓу десетте екипи кои би можеле да стигнат до тронот во ова натпреварување. Македонскиот првак влезе во серија на порази, па сега е во битка за пласман во осминафиналето во ЛШ, но патот ќе биде тежок.

А прв на истиот стои Монпеље, тимот кој се најде на првото место на Топ 10 листата на ЕХФ, дуелот се игра денеска (18:45 часот). Францускиот првак е лидер во групата А, има седум победи, две ремија и само еден пораз.

Далеку зад Монпеље се Барселона, Кил и ПСЖ, се наоѓаат од шестото до деветото место.

Втор на листата на ЕХФ е Фленсбург, по што следуваат: Алборг, Веспрем, Келце, Барселона, Кил, ПСЖ, Пик Сегед и Елверум. Од овие сите тимови, дури пет се во групата на Вардар, кој пак до крајот на сезоната покрај дуелот со Монпеље ќе се сретне со ППД Загреб дома, Мешков на гостински терен и Елверум на домашен терен.

ПретходноПо инцидентот во Велес: Тренерот кој го нападна судијата доби суспензија од една година!
СледноДрама во Пекинг и нов удар за САД: Уште еден голем ден за Словачка!