Куп на Македонија: Тренерите поскаа да биде празник на кошарката, најавија спектакл

249

Битиката за пехарот во Купот на Македонија стартува во петок во салата „Кале“, за првиот ден од продолжениот кошаркарски викенд се закажани четвртфиналните натпревари во машка конкуренција. Бранител на титулата е МЗТ Скопје.

Први на теренот ќе истрчаат Пелистер и ТФТ, меч које  закажан со почеток во 12 часот.

„Голема чест е втора година по ред да бидеме дел од Купот на Македонија, имаме поголемо искуство од лани. Ја имаме за противник единствената непоразена екипа – Пелистер. Условно кажано играме на домашен терен, системот дозволува да се надеваме дека ќе бидеме поуспешни, поточно дека ќе дојдеме до првата победа. Физички подобрата екипа ќе успее на овој Купот на Македонија, ние сме добро подготовени физички“, изјави Боро Смилковски тренерот на ТФТ.

Работнички за противник ќе го има тимот на Феникс (17 часот). Најтрофејниот кошаркарски колектив е во небрано, проблемите со финансиите се уште се решаваат, а најавените засилувања се чека да стигнат.

„Работнички се наоѓа во една специфична ситуација. Клубот се реорганизира, и се надевам на подобри денови во иднина. Работнички има многу млада и неискусна екипа. Но истата има доста перспектива пред себе. Надополнета со странски засилувања, и ако работи оваа екипа напорно се надевам дека во иднина ќе донесе позитивни резултати. Што се однесува пак до самиот меч, очекуваме да пристигнат засилувањата од САД во текот на денешниот ден, но секако краткиот временски период ќе биде наш непријател, затоа што не знаеме дали ќе можеме да ги регистрираме за Купот. Како и да е, со нив ќе имаме само еден заеднички тренинг.

Што се однесува до самиот меч против Феникс, се надевам дека ќе дадеме максимум, ќе пружиме отпор, и со помош на нашата публика ќе ги браниме боите на клубот. Нека биде ова празник на кошарката нека победи најдобриот“, изјави Игор Михајловски. 

Дебитантот во Првата лига, ќе испише нова историја, за првпат ќе игра во Купот на Македонија. Знае како се победува Работнички, но тренерот Денис Дервишевиќ предупредува дека овој дуел ќе биде поинаков.

„Како што знаете ние сме дебитантни во ова натпреварување, прв пат учествуваме . Немаме никаков притисок, дојдени сме да одиграме како што треба, во најдобро светло. Иако сме млада екипа, немаме никаков резултатски притисок. Што се однесува пак до мечот против Работнички, ова ќе биде сосема поинаков дуел од оној кој што го игравме последно против нив, затоа што ќе бидат засилени. Наше е да излеземе и да одиграме, да дадеме максимум, па нека победи подобриот“, Денис Дервишевиќ, тренерот на Феникс. 

Последни силите ќе ги одмерат Еуро Никел и Академија ФМП.

„Нашиот тим доаѓа со очекувања како и секогаш да победиме. Подготвени сме за овој Куп, играме со ФМП, имаме изедначен скор, ги победивме во Кавадарци, но тоа не значи ништо. Купот е специфично натпреварување, еден меч е, тимот кој ги ќе искористи своите шанси ќе оди понатаму. Очекувам добра атмосфера“, изјави Горан Самарџиев.

ПретходноКуп пехарот во рацете на Дамјан: МЗТ Скопје секогаш оди на победа!
СледноБенјамин Демир и официјално во Вардар