ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Без голови во Милано, Адаму го „стресе“ Баерн (ВИДЕО)

113

Во ефективно прво полувреме со отворена игра и доста упатени удари кон двата гола, Интер и Ливерпул отидоа на пауза со стартните 0:0. Во вечерва најатрактивниот осминафинален дуел, Ливерпул подобро го отвори мечот и имаше неколку сериозни шанси за водство, додека Интер ја стабилизираше играта во вториот дел од првото полувреме и исто така дојде во ситуација неколкупати да го загрози голот на Алисон.

Сличен фудбал со многу напади имаше и на „Ред Бул“ Арената во Салцбург. Таму домаќините успеаја да искористат една шанса и преку Адаму кој влезе како замена за повредениот Окафор успеаја да погодат за водство од 1:0.

ПретходноЕлиот стана најмладиот фудбалер кој заиграл за Ливерпул во ЛШ
СледноУсманов доставил прва понуда: Екс-акционерот во Арсенал купува клуб во Италија