Мбапе: Дали исходот од овој меч ќе влијае на мојата кариера?

429

Можеби сонува за Реал Мадрид, но и ПСЖ беше неговиот сон. За Килијан Мбапе повторно зборува цел свет. Неверојатниот Французин го постигна единствениот гол во победата на ПСЖ над Реал, речиси сигурно неговиот следен клуб.

Иако веќе со месеци сите пишуваат за неговото заминување во Реал по крајот на сезоната, Мбапе неколку пати истакна дека ќе даде се од себе додека го носи дресот на „светците“. Тоа го покажа синоќа.

„Неколку пати кажав дека ќе дадам се од себе, вечерва повторно го докажав. Тоа го направив сега, сакам да го направам тоа и на реваншот во Мадрид. Мора и на реваншот да одиме на победа, да, на победиме. Чувањето на резултат не е доволно за клуб како ПСЖ. Играм за еден од најголемите клубови во светот и ќе дадам се од себе до крајот на сезоната. Дали исходот од овој натпревар ќе влијае на мојата иднина? Не, нема да зборувам за мојата иднина, ниту да размислувам за тоа“, изјави Мбапе.

ПретходноРоналдо, конечно, погоди за славје на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)
СледноМонструозна партија на грчкиот ѕвер (ВИДЕО)