Монструозна партија на грчкиот ѕвер (ВИДЕО)

180

Јанис Адетокумбо повторно беше причината за победа на Милвоки оваа сезона. Актуелниот првак во НБА-лигата ја совлада Индијана со 128-119 за 36. триумф оваа сезона, со кој се наоѓа на третото место во Источната конференција.

Грчкиот ѕвер блескаше, зад своето име запиша дабл-дабл од 50 поени и 14 скока, додаде уште четири асистенции. Покрај него добра партија пружи Мидлтон со 19 поени и 8 асистенции. На другата страна Бади Хилд запиша 36 поени.

Лука Дончиќ продолжи да блеска во дресот на Далас, кој дојде до важна победа над Мајами од 99-107. Словенецот средбата ја заврши со дабл-дабл од 21 поен и 10 скока, имаше уште шест асистенции. На другата страна кај Хитм Батлер постигна 29 поени, 10 скока и три асистенции.

Далас со скор од 34 победи и 24 порази се наоѓа на петото место на табелата во Западната конференција, додека пак Мајами остана лидер на Истокот, има 37 победи и 21 пораз.

Атланта – Кливленд 124:116
Мајами – Далас 99:107
Филаделфија – Бостон 87:135
Милвоки – Индијана 128:119
Минесота – Шарлот 126:120
Њу Орлеанс – Мемфис 109:121
Феникс – Лос Анџелес 103:96

ПретходноМбапе: Дали исходот од овој меч ќе влијае на мојата кариера?
СледноПосле 20 години Франција има злато во слалом на ЗОИ