И официјално, Воска Спорт го “зграпчи“ Усни Исмаили, големиот талент на Пелистер кој имаше амбиции да направи трансфер во Швајцарија. Но откако трансферот пропадна, второлигашот од Охрид беше најбрз и успеа да го ангажира. Па така сега тимот на Раде Цицмиловиќ доби уште едно квалитетно засилување.
Усни Исмаили има само 19 години, игра на местото десен бек и секако, како што веќе рековме, е квалитетно засилување за тимот на Воска Спорт.
Инаку засилената Воска Спорт веќе в сабота, кога стартува и пролетниот дел во ВМФЛ – ЗАПАД, го почнува својот пролетен поход кон пласманот во ПМФЛ. Во првото пролетно или вкупно 16.коло, охриѓани му гостуваат на Кадино.