После 20 години Франција има злато во слалом на ЗОИ

193

После 20 години пауза Франција има олимиски првак во слалом. До златниот медал тогаш дојде легендарниот Жан Пјер Видал.

Денеска на својата земја радост и донесе Клеман Ноел, кој го освои првото место на Зимските олимписки игри во Пекинг. Тој беше на шестото место по првата трка, но во следната беше незапирлив, до златниот медал дојде со вкупно време 1:44.09 минута.

Второто место му припадна на Јоханес Штролц, кој заостануваше 61 стотинка, бронзениот медал пак го освои Норвежанецот, Себастијан Фос-Солеваг.

ПретходноМонструозна партија на грчкиот ѕвер (ВИДЕО)
СледноКраткиот разговор меѓу Мбапе и Бензема во центарот на вниманието – само поради еден детал (ВИДЕО)