Репрезентацијата на Русија беше најголем фаворит за тимското злато во брзо лизгање затоа што нивниот тим во полуфиналето не само што го совлада тимот на САД туку собори и олимписки рекорд, а резултатот остана во сенка еден гест кој го предизвика младиот лизгач Данил Алдошкин.
Тој додека славеше ги крена двете раце во воздух и со двете раце покажа среден прст. Русите со резултат 3:36.61 го урнаа рекордот на Американците, но сепак во финалето не го повторија доброто издание и се задоволија со среброто (прва заврши Норвешка).
И онака е тензија меѓу САД и Русија, светот се плаши од нова војна рускиот лизгач со овој потег само долева масло на огнот. Сепак, запрашан за коментар и објаснување за својата постапка, Алдошкин изјави дека немал намера никого да навреди.
„Ги кренав рацете, го освоив првиот медал, првиот олимписки медал. Не мислем ништо лошо, се извинувам ако навредив некого“.
Hva slags feiring er det fra russeren etter semifinalen? The Olympic Spirit eller The Middle Finger? #schaatsen #Beijing2022 #Olympics pic.twitter.com/rAVYpAWSQJ
— Espen Aarnes Hvammen (@ehvammen) February 15, 2022