Шведските биатлонки се олимписки победнички во штафета, па на среброто од Пјонгчанг го додадоа златото освоено во Пекинг утринава. Среброто го освои руската штафета која задоцни за 12 секунди, додека бронзените медали ги освоија Германките со заостанување од 37.4 секунди.
Швеѓанките по првите измени беа втори со минимално заостанување зад тогаш водечките Германки. Во втората измена Кристина Резцова ја доведе Русија на чело, а Шведска падна на третото место со 27 секунди задоцнување, иако Персон и Брорсон имаа само едно промашување.
А тогаш на сцена стапија сестрите Еберг.
Тркачки моќната Хана имаше едно промашување во лежечка позиција и дури три во стоечка, но избегна казнен круг и така и донесе на својата сестра Елвира предност од седум секунди во однос на италијанската штафета која во тој момент беше на второто место.
Русинките имаше лош настап преку Миронова, која мораше во еден казнен круг, а тоа беше шанса за Швеѓанките. Елвира Еберг не само што ја одржа Шведска во предност туку и ја зголеми предноста со едно промашување во последното гаѓање и со леснотија стигна до целта.
За Шведска ова е прво биатлонско штафетно злато во женска конкуренција.