Скандал на полувремето: Првиот човек на ПСЖ вршел притисок врз судијата

472

На полувремето меѓу ПСЖ и Реал Мадрид во рамките на првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите дошло до скандал. Спред „Марка“ првиот човек на клубот, Ал-Келаифи и спортскиот дирекот, Леонардо се симнале во соблекувалната да извршат пристиок врз судијата Даниеле Орсато.

Новинарот на шпанскиот медиум тврди дека претставници од УЕФА биле присутни за време на непријатната сцена кога раководството на францускиот тим на висок тон истакнале дека се незадолни од судењето.

Во вториот дел, Орсато досуди пенал за домаќинот, но тоа беше правилна одлука, Меси истиот не успеа да го претвори во гол. На другата страна жолти картони заработија Касемиро и Менди, двајцата нема да бидат во составот на Реал за реваншот во Мадрид.

Дуелот во Париз го реши Килијан Мбапе, донесе минималне триумф во 1-0.

ПретходноКраткиот разговор меѓу Мбапе и Бензема во центарот на вниманието – само поради еден детал (ВИДЕО)
СледноПо инцидентот во Велес: Тренерот кој го нападна судијата доби суспензија од една година!