Супер пресметка на „Меаца“, некогашните европски шампиони на мегдан

104

Екипите на Интер и Ливерпул вечерва ќе се соочат во првиот двобој од осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој е еден од највозбудливите натпревари во оваа фаза на натпреварувањето и очекуваме да видиме напаѓачки и ефикасен фудбал на „Меаца“ во Милано (21:00 ч.).

Интер, некогашниот европски првак, по пауза од 10 години повторно е во елиминациската фаза на ЛШ. До тука стигна благодарение на второто место во групата Д со 10 освоени бодови и зад победникот Реал Мадрид.

Интер по подолго време има стабилен тим, ја освои титулата во Италија, а сега ќе проба да остави впечаток и во ЛШ и пробив што е можно подалеку што е главната цел на клубот во овој момент. Симоне Инзаги има добар тим, подолга клупа за ротација на играчи, па е спремен да направи нешто сезонава во елитното европско клупско натпреварување.

Во Ливерпул се потпираат на успех во ЛШ, иако теоретски се уште можат да го стигнат Манчестер Сити во борбата за Премиер лигата. Како што кажа Јирген Клоп, Ливерпул не сака да се потпира на реваншот на Енфилд туку сака да направи резултат на Меаца.

Низ минатото Ливерпул и Интер два пати се соочувале во елиминациска фаза во ЛШ (КЕШ). Првиот пат Интер победил со вкупни 4:3 во полуфиналето на сезоната 1964/65, а потоа во 2007/08 Ливерпул го елиминира Интер во осминафиналето со вкупни 3:0.

Важен факт кој треба да го кажеме пред вечерашниот дуел е тоа што Интер покажа добра форма на свој терен. Од почетокот на 2021 година Интер има само три порази во 30 одиграни натпревари во сите конкуренции.

„Нероаѕурите“ нема да сметаат на повредените Хоакин Кореа и Робин Госенс, а Николо Барела е суспендиран. Ливерпул нема проблеми со составот, дури може да смета на новиот играч Луис Диас.

ВЕЧЕРВА ВО ЛШ – ОСМИНАФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

ИНТЕР – ЛИВЕРПУЛ       21:00 ч.

САЛЦБУРГ – БАЕРН М.  21:00 ч.

 

 

ПретходноДрама во Пекинг и нов удар за САД: Уште еден голем ден за Словачка!
СледноВардар 1961 без победа во ЛШ од крајот на септември минатата година!