Усманов доставил прва понуда: Екс-акционерот во Арсенал купува клуб во Италија

384

Рускиот бизнисмен Алишер Усманов, кој до пред некоја година имаше 30% сопственост на еден од најсилните англиски клубови Арсенал, наскоро ќе стане сопственик на клуб во Италија. Како што објавија италијанските медиуми, Усманов преку своите правници почнал процедура за купување на италијанскиот второлигаш Козенца.

Адвокатот Олег Патаркацишвили веќе испрати писмо со предлог до клубот и градскиот совет на Козенца. Групацијата ICS Holding во сопственост на Усманов е генерален спонзор на ЦСКА (М). Дополнително, холдингот УСМ на Усманов ги поседува правата на името на стадионот на Евертон, а внукот на Усманов е во бордот на директори на Евертон.

Козенца моментално се наоѓа на 17. место во Серија Б со 19 бода во 23 натпревари.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Без голови во Милано, Адаму го „стресе“ Баерн (ВИДЕО)
СледноКонте станал песимист: Немаме шанси за пласман во Лигата на шампиони