ЉУПЧО СЕКУЛОВСКИ ИМАШЕ ПРИЧИНА ЗА ШТО ДА НАЗДРАВИ ЗА СВЕТИ ТРИФУН, СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.572.427,00 ДЕНАРИ

922

Денот на виното и љубовта доби ново значење за  Љупчо Секуловски од Демир Хисар, најновиот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на Видеолотарија Касинос Австрија. Љупчо стана милионер освојувајќи 1.572.427,00денари.

Љупчо Секуловски од Демир Хисар ќе остане запаметен како човекот кој освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на Свети Трифун и Свети Валентин. Неговата добивка изнесува 1.572.427 денари, а ја освои на видеолотариските апарати во Евротип, во неговиот град.

Сподели дека игра често и оти не практикува само една или две игри. Имал повеќе омилени, а овој пат среќна му се покажала Lucky Hot 5 lines. Покрај возбудата и задоволството, со него сѐ уште владееше недоумица за тоа како ќе ги потроши парите.

Денот на виното и љубовта е еден, а секој ден може да биде погоден за да се освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ со сума меѓу 1.200.000 и 1.800.000 денари. Изминатава недела имавме и СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, кој се скраси со неверојатна добивка од преку 10 милиони денари.

 

 

 

ПретходноПоследен меч на домашен терен за Бадел 1862 во ВАБА-лига
СледноЗмија прекина фудбалски натпревар (ВИДЕО)